| четврток, 6 декември 2018 |

Ја тепал, ја онесвестил сопругата од ќотек – приведен пијан полицаец

Полицаец е приведен откако вчера во алкохолизирана состојба физички ја нападнал сопругата, по што таа паднала во бессознание.

Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера околу 20.30 часот во Куманово, во семејниот дом на полицискиот службеник В.Т.

-В.Т. кој бил под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата сопруга Н.Т.(31), а потоа и физички ја нападнал, по што таа паднала во бессознание. В.Т. е лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди – наведуваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top