Премиерот Зоран Заев рече дека е законски тендерот за избор на италијанската градежна фирма која ќе го гради новиот Клинички центар, а кој го спроведе претходниот министер за здравство, Никола Тодоров. Како што рече Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на пратеникот Павле Богоевски, се работи за законска постапка за избор на изведувач, надгледувана од Банката на Советот на Европа, која е кредитор на оваа инвестиција.
-Дилемите се расчистени што се однесува до правно-формалните аспекти, иако секогаш може да се направи дополнитена истрага. На тендерот нема дилема за постапката за избор на изведувачот. Она што е проблематично е слабата организација на сообраќајот на оваа локација – рече Заев.
Премиерот Зоран Заев во врска со изградбата на Клиничкиот центар вели дека со новата организација проблем биле 3.300 паркинг-места, со кои ќе се коригира сегашната ситуација кога има 330 паркинг-места. Камен-темелникот на новиот Клинички центар ќе биде ставен во рок од пет години.
Владата, објасни тој, ги разгледува опциите дали локацијата да се промени или Клиничкиот центар да се гради на веќе предвидената локација, во рамки на комплексот клиники. Доколку Владата реши да ја промени локацијата, рече тој, тоа неколкукратно би ја поскапило инвестицијата.
-Исправно е да се гради таму Клиничкиот центар, а проблемот со сообраќајот би се решил со изгадба на две катни гаражи. Едната од страна на улицата Водњанска, а другата од страна на МВР. И двете ќе понудат околу 3.700 нови паркинг места. Она што треба парламентот да го знае е дека одлуката да градиме на веќе предвидената локација ќе ја чини Македонија 85 милиони евра, плус камата. Парите се обезбедени преку Банката на Советот на Европа, и кредитот од 140 милиони евра е наменети и за изградба на штипската болница. Доколку се решиме за нова локација ќе мора да решаваме имотно-правни односи, ќе треба да бараме нов изведувач и да платиме пенали за откажување на проектот во износ од 5,5 милиони евра оштета. Се заедно со нова документација и нов тендер, ќе не чини и време, па камен темелник ќе треба да поставиме за четири до пет години – појасни Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


