| четврток, 6 декември 2018 |

МК: Ако Дац не си поднесе оставка, ќе го разрешиме

Министерството за култура го повтори ставот на Владата на Македонија, во врска со синоќешната соораќајка, во која што директорот на МНТ Драган Спасов – Дац со возило удри пешак,  дека лице кое сторило ваков тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.

„Остануваме на истиот став кој го кажа Владата“, велат од Кабинетот на министерот за култура и додаваат дека доколку самиот не даде оставка, ќе биде разрешен.

– Секој мора да поднесе одговорност согласни законите. Лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, за среќа во случајот без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на Владата на РМ, изјави Бошњаковски на прес-конференција, без да го именува директно директорот на МНТ и без да прецизира дали Дац ќе биде разрешен или ќе го чекаат сам да поднесе оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top