Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, нема да дозволи покачување на водата за пиење.
Тој денеска ги повлече од дневен ред точките 25, 26 и 27 од дневниот ред на петтата седница на Советот на Град Скопје која што се одржува во моментот.
– Додека сум градоначалник на Град Скопје нема да дозволам заради манипулаторски однос на Регулаторната комисија да се покачи цената на водата за пиење во Скопје – изјави Шилегов.
Шилегов синоќа гостуваше во Ноќно студио на Телма и најави како ќе постапи по одлуката на владата дека не е обврзувачка одлуката на Регулаторната комисија да биде покачена цената на водата. За него Регулаторната направи циркус со одлуката за покачување на цената на водата
– Утре на дневен ред на седница на град Скопје е и одлуката на Регулаторната комисија цената на водата да биде покачена. Ќе одлучам утре можеби и ќе ја повлечам точката од дневен ред – рече Шилегов синоќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст