Група пратеници во Собранието на РМ предлагаат измени на Изборниот законик. Со предложениот закон ќе се допрецизираат одредбите од Изборниот законик, со што ќе се обезбедат услови за демократски и фер предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.
Со Изборниот законик се уредуваат изборите за претседател на Република Македонија, изборите на пратеници во Собранието на Република Македонија, за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје, за избор на градоначалник на општина и градоначалник на Градот Скопје, начинот и постапката на евидентирање на избирачкото право, водење на Избирачкиот список, определување на границите на изборните единици и утврдувањето, менувањето и објавувањето на избирачките места, како и условите за функционирање на избирачките места.
„При досегашната примена на Изборниот законик во пракса се појавија непрецизности и проблеми во примената на законските одредби што се однесуваат на поднесување на финансиски извештаи, како и надоместокот на трошоци за изборите. Потребата од ваквото законско решение е со предложените соодветни измени и дополнувања да се разрешат објективните околности кои постојат при примена на Законот“, се вели во законското образложение.
Со предложените измени уредено е рокот за исплаќањето на надоместокот на трошоците за парламентарни избори да остане 3 месеци за претседател на Република Македонија и избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, а избор за членови на советите на општините и Советот на Град Скопје, избор за градоначалник на општината и градоначалник на Градот Скопје се зголемува на 9 месеци, врз основа на извештајот од Државната изборна комисија.
Во истиот член се регулира и дека надоместокот на трошоци за избори се определува со одлука на Собранието, советот на општината и на Градот Скопје врз основа на претходно доставено барање за надоместок на трошоци за избори од учесникот во изборната кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст