| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг со иста порака: Покана за НАТО кога ќе го решите името

-НАТО ќе испрати покана на Македонија за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамки на ОН- изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг за денешното издание на белградскиот весник „Политика“.

Тој, говорејќи за безбедносната состојба во светот и на Балканот, се осврнува и на неговата посета на Скопје и на аспирациите за членството во НАТО.

Вели дека Алијансата останува посветена на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме земјата да успее во тоа, додавајќи дека има позитивен импулс за прашањето за името.

– Задоволство ми е што го посетив Скопје овој месец. Остануваме посветени на поддршката на земјата на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме да успее во тоа. Ова е во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и повторена е во нашите декларации во Велс и Варшава. Сојузниците се согласија дека НАТО ќе испрати покана за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамките на ОН. И неодамна видовме позитивен импулс за прашањето за името – рече Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top