Професорката Билјана Ванковска на својот фејсбук профил пишува за неодговорноста на власта кон државните интереси. Ванковска вели дека од преговорите за името се чини како Заев и Димитров повеќе да ги застапуваат грчките интереси, отколку интересите на македонскиот народ. Достоинството на македонците се гази цели 25 години во континуитет со некаков измислен спор од само една страна, од Грција, а притоа не почитува никакви права над македонскиот народ, вели Ванковска.
– И Заев, а сега и Димитров зборуваат за заемно прифатливо решение со кое ќе се заштитело достоинството на ДВАТА народа!!! Дали знаат дека се платени да ги штитат НАШИТЕ интереси, а дека со ваков капитулантски став на Македонија и’ наметнуваат вина за спор кој таа не го создала???, пишува Ванковска.
Таа вели дека Заев и Димитров повеќе водат грижа за грците и нивните интереси, отколку за македонските интереси, кои се предмет на газење 25 години.
– Нашето достоинство се гази 25 години, а тие тоа го изедначуваат со некакво нарушено достоинство на Грција, која не почитува ни малцински права ни ништо! Дали Димитров мисли дека сме криви што сме живи? МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕ СМЕЕ ДА ЗАГИНЕ, а овие нека се кандидираат за политичари во Грција. И онака имаат имоти таму, напиша Ванковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Блокиран профилот на Билјана Ванковска на „Фејсбук“
-
Ванковска: Почнаа со укинување на РМ, со пиетет и со солзи да го издржиме денот!