Пијан со неговото бесно БМВ, директорот на МНТ Драган Спасов – Дац синоќа прегазил 21 годишна девојка во Скопје – потврдуваат од МВР.
Според увидот што го направила сообраќајната полиција од вчерашната сообраќајна несреќа, директорот на МНТ, возел под дејство на алкохол.
Драган Спасов Дац, со возило вчера околу 19.20 часот во сообраќајна незгода повредил 21- годишна девојка.
Од МВР потврдуваат дека лицето Драган Спасов кое со патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички удрило во пешакот Е.Ц,а со возилото управувало под дејство на алкохол. Девојката итно била префрлена во болница каде што се констатирани полесни повреди и е пратена на домашно лекување.
Пијаниот Дац побрза и уште не излезен од станица, ги обвини за злоба граѓаните кои коментираа како е можно пијаница да води државна институција.
-До каде ќе иде злобата… – напиша Дац на фејсбук, но неговиот статус веќе не е достапен и не се појавува.
Во скопската јавност е познато дека Директорот на МНТ има проблеми со алкохолот веќе подолго време, а тој ни самот не го крие ова. Месецов тој истакна дека постојано се лаже себеси дека ќе го откаже алкохолот.
„Знаете ли која е најчестата лага? „Не пијам веќе!“. – напиша Дац на 6ти јануари месецов.
На социјалните мрежи граѓаните веќе бараат оставка од несовесниот директор и прашуваат: Како е можно алкохоличар да биде на вака висока функција?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст