Веселин Вујовиќ, селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, изјавил дека српскиот ракомет е заглавен в кал и дека трениерањето на националниот тим преставува повеќе казна отколку чест.
Селекцијата на Србија на неодамна завршеното Европско првенство оствари само една победа над Исланд и пет порази.
– Доаѓате во нешто што е толку изгнасено, а вие таа кал не можете да ја измиете. Паметен ќе почека калта да се исуши, а потоа ќе ја иструга. Никој повеќе не е свесен каков е критериумот некој да биде селектор. Да се биде селектор во овој момент повеќе преставува казна отколку чест. Ние немаме цел, немаме стратегија, немаме доверба. Ние во ракометот немаме никого за кого можеме да се врземе и да кажеме дека таа личност ќе не повлече, дека таа линост ќе ги подобри работите. Дојдовме во ситуација од која јас лично не гледам излез. Мислам дека 10 години работа на нашиот ракомет е малку за да можеме да направиме нешто, рекол Вујовиќ во интервју за Радио Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст