| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ се огласи за „нон пејперот“ на Шпанија за Косово

Коментирајќи го постоењето на „нон пејперот“ на Шпанија која е против вклучувањето на Косово во ЕУ, портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич изјави дека треба да се причека.

Според неа, стратегијата на Европската комисија го „покрива“ целиот регион и би требало да се причека да се претстави документот, а пота, во рамки на процедурата, ќе се слушнат мислењата на земјите-членки.

Една недела пред усвојувањето на Стратегијата за проширување на земјите од Западниот Балкан, која ќе биде усвоена на 6 февруари на колегиум на комесарите во Стразбур, Шпанија повторно ги доведе во прашање не само Стратегијата, туку и целиот процес поради острото противење за вклучување на Косово во каков било процес, објави денес весникот Коха диторе.

Како што пишува весникот, Шпанија во писмото, кое било испратено до Европската комисија во „нон пејпер“ форма, навела дека се противи на користењето на терминот ВБ6 (WB6), кратенка за шесте земји од Западниот Балкан, и додаде дека „Косово не е дел од процесот на проширување“.

Коха објави и дека потпретседателот на косовската влада Енвер Хоџај во име на официјална Приштина испратил писмо до комесарот на ЕУ за проширување Јоханес Хан во кое се изразува загриженоста на Приштина поради неизвесноста на европската перспектива за Косово во новата стратегија на ЕК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top