Поради загадување на воздухот и исполнување на условите за прогласување на прагот на алармирање на ПМ10 честичките во Скопје вчера беа активирани итни мерки и препораки. Во текот на претходните два дена во Скопје на три мерни места кај Ректорат, Лисиче и во Гази Баба вредностите на ПМ10 честичките го надминаа прагот од 200 микрограми на метар кубен во два последователни денови.
Меѓу мерките се ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
Правните субјекти треба да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од на отворено да работат од 11 до 17 часот, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за Итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.
Органи на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа треба да ја намалат до 50 отсто употребата на службените возила и да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници, да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.
Службата за Итна медицинска помош да доставува информација до Институтот за јавно здравје за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.
Државниот инспекторат за животна средина да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.
Капацитетите со А-ИСКЗ дозвола треба да го намалат производството до 50 отсто со што од оваа мерка се исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.
По добиеното известување активирани се мерките за намалување на загадувањето и од страна на Градот Скопје.
Во сила е бесплатниот јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници и се прекинати сите градежни активности на градилиштата, што се под надлежност на градот.
Меѓу мерките се и користење граѓаните да го користат јавниот превоз, возилата да не се користат без потреба, а за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст