| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Драгоевиќ се огласи со нови вести за здравствената состојба

Легендарниот хрватски пејач Оливер Драгоевиќ не ја симнува насмевката од лицето, јавуваат хрватските медиуми.

Последниве денови тој се чувствува одлично бидејќи неговата здравствена состојба е подобрена. Изминативе месеци тој мина низ тешко лекување кое, судејќи по се, дава резултати.

Ова го потврдува лично и Оливер.

-Добро сум. Здравствената состојба ми се подобри. Нема да зборуваме за клиничката слика и хемотерапиите. Јас сум подобро и тоа е важно, изјавил Драгојевиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top