Професорот близок до СДСМ, Љубомир Фрчковски, деновиве е многу активен по медиумите со своите ставови за процесот на преговирите на Македонија и Грција, за името, но и за идентитетот. Поранешниот министер за внатрешни работи синоќа гостуваше во една дебатна емисија, каде со своите ставови, повторно предизвика бура од реакции во јавноста. Свое видување на изјавите на Фрчковски имаа професорките Солза Грчева и Билјана Ванковска, кои своите ставови ги пренесоа преку Фејсбук статус.
– Се расфрлуваат Фрчко, Андов, Поповски, куп екс дипломати, гребатори за функции за едно местенце овде-онде, на дебати, по портали, на телевизии и каде не, со предлози како владата да го надитри сопствениот народ, па без никаков национален консензус да ни го смени името. Се силат да нема ниту референдум (кој пак ќе го наместат консензуално, тоа на секој му е јасно), ниту Собрание, туку Влада. Ги храбри Фрчко дека дури немало ни да изгубат политички рејтинг, туку напротив. Што по него е најважно, разбира се. А на преварантите што бутаат закони со ЕУ знаменце, не им ни треба многу да ги храбриш. За измами се царови. Се тркаат и позиција и опозиција да ја фалат “добрата, најповолна“ клима за решавање, сега или никогаш. Се отепаа од колнење кон тато НАТО. Ова се нарекува минирање на сопствената позиција.“ Олеснителна“ околност им е што Заев им го отвори патот, па лупна на сред Грција дека немал црвени линии, напиша Грчева.
Таа додава дека ваква збирка на некадарници ни се креатори на јавното мислење и уште пострашно советници. Глупаци со тапија. Алчни до бесвест.
– Грците, не гледаат како мува под чаша и се смеат. Со сериозна дипломатија за каква нашиве брбушки не чуле, за јавноста затегаат колку што можат, прават антички драми. па не даваат ни зборот Македонија да сме го имале, ќе растурале коалиција, и згора на се, навистина протестираат на грандиозни протести. Тешко на нормалните во ова наше лудило.“ Пишува Грчева.
На оваа изјава ќе се надоврзе и професорката Билјана Ванковска:
– Да, поентата во е во тоа што тие се надмудруваат само околу тоа како да го надитрат и изманипулираат својот народ, кој го сметаат за недоветен, прост, назаден… Според моето мислење, тоа можат да го направат и со и без референдум, бидејќи акцентот не е на механизмот низ кој ќе ја спроведат својата волја, туку дека се коцкаат со национални интереси! Македонија е во двојно менгеме, и однатре и однадвор, и такви нешта не настануваат случајно. Ова е за Македонија perferct storm, оркестриран зафат за нејзина редефиниција – ако преживее, добро: ако не преживее – никому ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст