| четврток, 6 декември 2018 |

Нема повеќе да се бира национален уметник

ратениците во Собранието, во рамките на 32.седница донесоа одлука за укинување на Законот за национален уметник на Република Македонија, признание кое обезбедува доживотен паричен надоместок во висина од две месечни плати за уметникот.

За надоместоците на петте живи национални уметници за 2017 година, беа потребни 4 милиони денари од Буџетот на РМ или за секој од нив месечно бруто по 66.300 денари. Во иднина нема повеќе да се бира национален уметник.

Од востановувањето во 2011 ова признание им е доделено на пијанистот Симон Трпчески, режисерот Милчо Манчевски, покојната пејачка Есма Реџепова, оперскиот пејач Борис Трајанов, оперската пејачка Ана Дурловски и поетот Никола Маџиров. Титулата со која тие се имаат здобиено, останува да им важи доживотно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top