| четврток, 6 декември 2018 |

Бесконфликтен манифест

Првата работа што треба да се разјасни е што е  конфликт и како се создава конфликтот и второ, какви општества има и како треба да се постапи за де се создаде бесконфликтно општество. При тоа ќе го употребиме принцип на сеопфатност или целокупност, а тоа значи дека доколку некоја законитост важи во односите помеѓу луѓето, не смее да постои ниедна ситуација која не може да се вклопи во таа законитост, односно доколку се најде таква ситуација, таа законитост се отфрла како неважечка односно законитоста не го поседува принципот на сеопфатност.

Важно е да знаеме што е тоа конфликт. Едно општество е составено од поединци, припадници на тоа општество, секој  со свои потреби, интереси и желби така да поединци со слични или исти потреби се групираат во пооделни групи на тоа општество, а општеството е во обврска да им излезе во пресрет на сите поединци и оделни групи и им ги задоволи нивните потреби и интереси. Доколку се случи да определени потреби или интереси бидат спротивставени помеѓу себе, односно се создаде ситуацијата, да се исполнат определени интереси на определена група на сметка на интереси од друга група или поединец, тогаш доаѓа до судир на интереси на поединци или групи во општеството. Тоа доведува до конфликт, кој може да прерасте во голем судир од поинаков вид со многу деструктивни последици и доколку не се делува да се конфликтот

разреши во интерс на општеството по мирен пат, последиците може да бидат фатални за опстанокот на тоа општество. Значи, конфликтот како судир на интересите на спротивставени групи или поединци припадници на општество предизвикува борба помеѓу тие групи и поединци, што го прави општеството нестабилно, а наша цел е да создадеме стаболно општество, односно бесконфликтно општество во кое нема да постојат незадоволни поединци или групи кои поради тоа би го дестабилизирале општеството. Од претходното произлегува, дека постоењето судир на интереси во општеството е еден од основните дестабилизациски чинители. Страни во судирот создаден од ваквиот конфликт може да бидат поединци како и оделни групи на општеството, а може во судирот да учествуваат и две општества како спротивставени страни доколку се интересите на тие општества спротивставени едно наспрам друго.

Конфликтите во општеството помеѓу поединци нај често се решаваат со политичка борба помеѓу носителите на спротивставените интереси, а конфликтите помеѓу две општества се настојува да се разрешат со определени компромиси, а доколку не се постигнат било какви компромиси, судирот на интереси може да доведе до војна која може да бидат оружена или специјална војна или најново хибридна војни, во која едната од страни е победник а другата е губитник. Поради тоа што многу ретко такви конфликти завршуваат со постигнат компромис тие поради тоа не се пожелни во општеството, како внатрешен конфликт, во самото општество, така и надворешен конфликт со друго општество.

Произлегува дека за да се создаде бесконфликтно општество потребно е да се задоволат интересите на сите поединци припадници на општество, како и интересите на сите постојни групи во тоа општество. За да се задоволи овој потребен услов, општеството треба да исполнува определени услови. Најнапред треба да е технолошки високо развиено за да може да ги задоволи сите  материјални потреби на своите членови како и останатите потреби како што се културни, спортски, едукативни и евентуално још некои други. Посебно е важно, да и воспитно-едукативниот систем во општеството биде така концепиран и организиран да со своето делување создава високо едуцирани и морални личности свесни за својата состојба како и за состојбата на општеството, и своите потреби и желби ги приспособи на постојната состојба во општеството.

Во минатото многумина се обиделе да ги дефинираат и систематизираат општествата кои се појавувале во нашата историја и до нас е дојдена и усвоена систематизацијата на општествени системи представени од Карл Маркс. Тој ги класифицирал општествените системи според класите присатни во тие општество кои се дефинирани според односот на тие класи спрема средствата за материјално производство на добрата во општеството, односно во центарот на општеството ја поставил приватната своина на средствбата за производство. Така секогаш постојат две класи спротивставени една наспрам друга, една која е власник на средствата за производство и друга која работи со тие средства и е експлоатирана од класата на иматели на средствата за производство. Така судирот на интересите на тие класи предизвикуваат конфликт во општеството и тоа е механизмот на создавање големи судири помеѓу овие класи што најчесто се претвора во оружена борба помеѓу нив. На ваков начин Карл Маркс дефинирал две врсти општества, прва група на класно општество и втора група, бескласно општество кое според неговата теорија се појавило на почетокот на човековата историја кога не постоеле класи и на крајот од човековиот развој после сите појавни формо на класното општество, значи според него помеѓу две бескласни општества на почетокот и крајот на развојот на човековото општество се појавиле класни општества кои ги набројал редоследно на нивно појавување како робовладетелско општество, феудално општество, капиталистичко општество и социјалистичко општество како преодна форма од класно кон бескласно општество.

Поради тоа што овие негови  ставови се повод за многу подоцнежни проблеми на човештвото кои се јавиле во историјата особено со појава на комунистичкиото движење како и опоределени лево орјентирани радикални движења, неопходно е да се изнесе критика на овој концепт за да не се прават слични грешки во иднината.

Покрај тоа што тој го вовел во филозофската теорија принципот, праксата е критериум на вистиноста, кој е сличен на критериумот за целокупност, тој не го почитувал до крај тој принцип во своите теории за општеството, така да во класификацијата на општества во која ги навел трите класни и едно бескласно општество не може да се вклопат трите општества од далекиот исток како што се: индиско кастинско општество, јапонско самурајско општество и кинеското мандаринско општество, посебно нагласувајќи го индиското општество, како и други општества од тој регион. Автоматски следува дека оваа систематизација има некој недостаток како и неговата филозофија за општеството што спречува да ги уврсти и овие општества во својата класификација, што автоматски ја става надвор од можна употреба при евентуални идни планирања. Покрај ова како основ за дефинирање на општествата во центар ги  поставил класите иако тие не се присатна во двете бескласни општества на почетокот од човековата историја како и на крајот.

Ваквото негово размислување се должи на приликите кои владееле во тоа време кога е создадена оваа филозофија, така да кога се  појавил овој концепт на лугето им изгледал доста примамлив и покрај недостатоците кои ги содржал. Така се формирало комунистичкото движење кое ја презело оваа филозовија како своја, а политиката ја издигнала на ниво на идеологија со цел да го преведе постојното општество од класно капиталистичко општество во бескласно комунистичко општество и тоа на таков начин со употреба на насилни и деструктивни методи, што го вратило општеството на предходните состојби од неговиот технолошки развој. Тоа требало да се оствари со методи како што се класна борба или диктатура на пролетаријатот кои се воведени во комунистичката идеологија, што довело до неминовна  дискредитација на ова движење и до негов пад од историјската сцена.

Потребно е да се каже што е тоа добро во овој концепт на Карл Маркс, а што е она кое е виновно за неуспехот на концептот на комунистичко општество иако во моментов во светот постојат општества кои ги користат позитивните придобивки на комунизмот. Точно е, дека на крајот од човековата историја ќе се живее во комунистичко општество. Не е точно дека за да се оствари бескласно општество е неминово де се случи оружена борба помеѓу класите во вид на револуција. Трансформацијата може да се случи и по еволутивен пат малку по малку со технолошки развој на општеството, како и со морално-етичка трансвормација на психолошкото битие на самото општество во целина без исклучок.

Создавајќи такви заклучоци како што ги изнел во својата филозофија, Карл Маркс со истата допринел да следните генерации со своите постапки создавајќи тоталитарно и репресивно општество, ја дискредитирале идејата за бескласно општество а со тоа и самото име комунистичко општество, така да за општество со исти такви карактеристики мора да се употреби поинакво соодветно име а тоа е бесконфликтно општество. Денеска и самото спомнување на комунизмот буди негативни чувства кај лугето што во иднина мора да се почитува.

За да се избегне стапицата во која влегол Карл Маркс нема да се користат класите и нивниот однос кон приватната своина како репер за класифицирање на општествата, туку ќе го користиме критериумот на мотивираноста за работа на лугето во соодветното општество. Овој критериум го содржи во себе принципот на сеопфатност, тоа значи дека како што мотивираноста за работа била присатна во сета досегашна историја  низ сите епохи на развојот на човекот, таа ќе биде присатна и во иднина во човековиот живот. Од ова следи дека на крајот од својот развој, човекот ќе живее во општество кое ќе биде бесконфликтно општество.

Зошто е неминовно на крајот од својот развоен пат човекот да заврши во бесконфликтно општество? Ако ги  анализираме мотивите на човекот за работа, ќе откриеме дека постојат воглавном два мотива кои  го задвижувале човекот во работата низ историјата. Тоа се, прв мотив,  принудна работа и втор мотив, доброволна работа. Доколку се малку повеќе анализираат овие мотиви ќе се види дека првиот мотив на принуда во себе содржи три видови принуда и тоа се:

1- Принудна работа наречена борба за опстанок, односно работа  која има единствена цел за да се сочува сопствениот живот инаку човекот би умрел, а се состои од обезбедување неопходна храна.

2- Физичка принуда на работа која се состои во тоа што со помош на физичка сила од поедини припадници на општеството се врши   насилие врз останатите членови и се принудуваат на работа.

3- Економска принуда на работа која се состои во тоа што поединците во општеството работат со мотив да остварат определена економска придобивка, која се состои од определени материјални добра што му овозможува на имателот поудубен живот.

Исто така вториот мотива на доброволна работа во себе содржи два мотива кои не се многу разликуваат помеѓу себе бидејќи и двата ја содржат доброволната работа како карактеристика, а се разликуваат според целите кои сакаат да се остварат.

1-Волонтерска работа, која има за цел остварување некоја идеја или пројект важен за општеството или некоја група во општеството и

2- Идентификација, доброволна работа која ја содржи во себе  желбата да се поединецот поистовети со предметот на работа или да се идентификуваат со самата  професија со која се занимава.

Мора да се нагласи дека во сите општества низ историјата сите видови мотивираност биле присатни, кој повеќе кој помалку, меѓутоа оној мотив кој доминирал во општеството го дефинирало самото општество и му го определувало карактерот, така во првобитната заедница   бил   доминантен   првиот   мотив,   борба   за  опстанок,  во робовладетелскиот општествен систем бил доминантен вториот    мотив или физичка принуда. Додека  во   феудализмот во   кој   на   почетокот доминирала физичката принуда, полека со времето се зголемувало присаството на економскиот мотив, што довело до појава на капитализмот. Оваа промена се случувала постепено малку по малку, така да во капитализмот станал доминантен третиот мотив, економска принуда, кој е присатен и доминантен и во сегашниот миг на човековата историја. Во денешницата поради присаството на овој мотив како доминантен, истата може да се дефинира како постлиберално капиталистичко општество, што е последна фаза на постоење на овој општетсвен систем. Од предходното може да се заклучи дека сите промени на мотивационите фактори низ историјата настанувале постепено малку по малку додека останатите состојби во општеството не се менувале со исто темпо како промената на мотивационите фактори, а морале да се случуваат паралелно што доведувало до конфликтни ситуации па и судири помеѓу оделни групи во општеството во вид на револуции или бунтувања.

Со ова се завршува периодот на принудни мотивациони фактори во општествените системи како доминантени и следи, постепено преоѓање од мотивационен фактор, принудана работа како доминантен на мотивациониот фактор, доброволна работа. Од почетокот само како чиста доброволна работа со тенденција како што се развива општеството да, идентификација како мотив стане доминантен во општеството. На ваков начин би се искористиле сите можни мотиви кои се присатни во човековото битие и човекот на крајот од својот развој ќе се најде во бесконфликтно општество.

Патот за да се стаса до бесконфликтно општество нема да е едноставен и лесен, тоа е пат со полно неизвесности пречки и противници. Нај големо спротивставување ќе  дадат оние сили кои со трансформацијата на општеството би ја загубиле постојната привилегирана положба во општеството. Ова е дотолку полошо доколку поединци кои се засегнати од промените се припадници на власта во општеството и сакајќи да си ги задржат позициите ќе предизвикаат конфликт кој може да го уништи општеството. За да не се случи така како што посакуваат противниците на бесконфликтно општество треба да се ангажира врвната наука која треба да ги трасира патиштата по кои би се движело општеството. Полека општеството би преминало од општество во кое е доминантен економски мотивационен фактор за работа, во општество каде доминантен мотивационен фактор би била доброволната работа со што на крај би се создало бесконфликтно општество.

Основно што треба да се направи за да се постигнат тие цели е во врска со економијата. Таа треба да се трансформира од економија базирана на профит во економија која ќе произведува материјални добра само според потребите на општеството. За да се оствари тоа треба парите да се укинат како средство за размена и распределба, а распределбата на добрата да се врши според потребите на секој поединец или група на луѓе припадници на тоа општество. Понатаму потребно е да се укине државата како организациона форма на општеството со сите свои репресивни апарати кои ги поседува, така што ќе се трансформира во организациона форма соодветна на целите кои сака да се постигнат. При тоа главна улога треба да одигра свеста на сите припадници на тоа општество дека е тоа единствен пат по кој треба да се развива општеството.

Алтернативата на овие цели доколку надвладеат ретроградните сили, е така лоша да доколку се случи тоа ќе се повика библиската апокалипса која ќе му стави крај на човештвото какво  што го знаеме, а човекот како таков ќе го симне од историјската сцена.


Автор на текстот Звонко Кузмановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top