Откако станаа родители на близначките Ана и Срна, Жељко и Јована Јоксимовиќ се на мака.
На брачниот пар околу ќерките, првите два месеца им помагаа нивните мајки, но набрзо распишаа и конкурс за дадилка. На водителката и пејачот неопходна им е помош околу девојчињата, посебно бидејќи по враќањето од Малдивите, каде во моментов се на одмор, двајцата се враќаат на работните обврски. Затоа пред да отпатуваат на егзотичната дестинација, оргазнизирале избор на дадилка, но се уште не ја пронашле вистинската.
-Жељко и Јована сѐ подредиле на своите деца. Коста е главен во куќата и тие му дозволуваат заедно со нив да бира бебиситерка за сестрите, како не би бил љубоморен, што им е својстевно на децата кога доаѓаат бебињата. Момчето е преслатко и препаметно. Баш се изненадив колку е убаво воспитан. Се гледа дека родителите му се максимално посветени. Тој има четири години, ама се однесува како возрасен. За жал, јас не го поминав изборот – изјавила девојка која инсистирала на анонимност.
Инаку бесиситерката која ја бара брачниот пар Јоксимовиќ мора да има завршено високо медицинско училиште, гинеколошко-акушерски смер и мора да има врвни препораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јоксимовиќ се во Атина: Остануваме овде, нема паника, но низ улиците е пусто
-
Некогаш и сега: Погледнете како изгледа Јована, сопругата на Жeљко Јоксимовиќ на почетокот на кариерата (галерија)
-
Несекојдневна ситуација во студио: Гостинката ја одмина Јована Јоксимовиќ, водителката остана во чудо (видео)
-
Јована на Жељко Јоксимовиќ во живо и држеше лекции на Јелена Розга: „Мисли колку години имаш, мораш да најдеш некого!“