| четврток, 6 декември 2018 |

Русинка роди бебе џин без анестезија (фото)

Русинка (42) која веќе има четири деца, родила девојче, тешко 5.900 килограми, а новопечената мајка самата се породила дома, без никаква анестезија, пишува „mirror.co.uk“.

Лекарите соопштиле преку медиумите дека мајката и бебето се чувствуваат добро. А портпаролот на болницата каде е примена жената на преглед, изјави дека станува збор за патологија и дека бебето има премногу килограми.

Тој додал дека бебенцето има проблем со слухот, а предупреди дека до другите здравствени проблеми може да дојде во иднина.

Просечната тежина на европските бебиња е нешто малку поголема од 3 килограми.

Според Гинесовата книга на рекородни, најтешкото бебе кое е роденено е Италијанско, кое има речиси 10 килограми. Родено е во градот Аверс, во септември 1955 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top