| четврток, 6 декември 2018 |

Тајани: Името може да се реши и Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани оценува дека има можност Република Македонија да го реши спорот за името и да ги почне наскоро преговорите за членство во ЕУ.

– Поранешна Југословенска Република Македонија има постигнато значаен напредок и јас сум оптимист во однос на двете прашањата и спорот за името и за можноста наскоро да ги отвори пристапните преговори, вели Тајани прашан дали оваа е добра година за земјата да го реши спорот и конечно да ги почне преговорите.

Во интервју за порталот Њу јуропијан Балканс во пресрет на неговата официјална посета на Србија најавена за утре.

Тој оценува дека Србија и Црна Гора може да бидат подготвени во 2025 година да станат дел од ЕУ како што предвидува и Стратегијата за проширување на ЕУ, која треба да биде објавена на 6 февруари во Стразбур.

– Западниот Балкан има јасна и веродостојна европска перспектива и може да смета на поддршката на Европскиот парламент во овој процес, но топката е на нивната страна од теренот. Значаен напредок е потребен и во Србија и во Црна Гора во области како владеење на правото, правда и човекови права и мислам дека и двете земји ќе бидат подготвени до 2025 година – каде има волја постои начин, вели Тајани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top