Два милиона патници, 33 години работа и 10.000 летови. Пилотот Џеф Роуланд по пензионирањето решил да им каже на своите патници што мисли за нив. За да го одбележи пензионирањето, им напишал писмо на сите што биле присутни на неговиот последен лет.
Во писмото, кое е споделено на „Твитер“, тој пишува колку многу ќе му недостига летањето.
„Знам дека понекогаш гледаме на воздушниот сообраќај како на потребно зло… нешто што треба да се издржи. Има работи за кои треба да се пожали човек, сигурно. Ви благодарам од дното на срцето, би го правел ова и бесплатно. Најмногу ќе ми недостига да ви служам вам, мои драги патници. Водејќи ве на дестинациите низ светот, важите критики за секое мое слетување и тоа што ми се заблагодарувате за летот ми овозможија цел во ова мое животно настојување“.
Семејството на пилотот било присутно во авионот во прва класа за да го одбележи неговиот последен лет.
Овој пилот не е единствениот што стигнал до насловните страници изминатиот период. Наспроти него, лут патник од Нов Зеланд упатил критика за, како што истакнал, „екстремно кратките здолништа на стјуардесите во ’Еар Азија‘“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст