Во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на барање на Владата ни Министерството за здравство, Градот Скопје објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот.
Овие мерки се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање дека прагот на алармирање за ПМ10 честичките во воздухот е надминат (над 200μg/m3) во текот на два дена последователно.
Градот Скопје мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот оваа зима ги воведува по третпат. Во сила стапуваат следните мерки и препораки:
1. Градот Скопје од денеска, 30 јануари 2018 година, воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници. Оваа мерка ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидеме известени од Министерството за животна средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.