На 29.01.2018 година во 13.28 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5“ кај паркот Лисиче, имало возило кое најверојатно излетало од патот.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба утврдиле дека се работи за патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н. (54), а кое било пријавено за одземено од пред неговиот дом на ул. „Бриселска“ на 29.01.2018 година во Полициската станица Карпош.
Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита возилото било извадено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст