| четврток, 6 декември 2018 |

Радев: Бугарија цврсто го поддржува Западниот Балкан

Бугарија цврсто ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, изјави синоќа бугарскиот претседател Румен Радев на традиционалниот прием за претставниците на дипломатските мисии во Софија.

– Доколку не го насочиме европското внимание кон регионот, Европа не може да биде обединета, безбедна и стабилна, изјави Радев, додавајќи дека оценката на секоја земја на патот кон ЕУ ќе се базира на нејзините индивидуални постигнувања.

Тој нагласи дека Бугарија би требало да иницира и да води значајни дебати со цел да бидат постигнати консензус и рационални одлуки за многу прашања значајни за ЕУ.

– Вредностите што ние ги почитуваме се солидарноста, политичкото единство и безбедност. За Унијата е важно и намалувањето на разликите во економскиот развој и животниот стандард меѓу Истокот и Западот, Северот и Југот,, додаде Радев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top