| четврток, 6 декември 2018 |

ОЈО поведе постапка против грчки државјанин за производство и промет на дрога

На граничниот премин Богородица притворен е грчки државјанин, кој на 28 јануари пренесувал марихуана во количина од 309,6 килограми, наменета за продажба.

Осомничениот дрогата ја пренесувал во товарно возило „сканиа“ со грчка регистарска ознака од Атина, Грција, до Вупертал, Германија. Во возилото меѓу разновидната стока осомничениот пренесувал и 95 вреќи ориз со крајна дестинација Керкаде, Холандија. Марихуаната била најдена обвиткана со стреч фолија во 75 вреќи, покрај оризот, информираат од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Велес издало наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотопни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст.1 од Кривичниот законик.

Основниот суд Велес на осомничениот му определи притвор од триесет дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top