Денеска, 30 јануари 2018 година (вторник), со почеток во 12.00 часот, во просториите на НУ Музеј на македонската борба ќе се одбележат пет години од музејската едукација во институцијата.
На настанот ќе се промовира каталог, ќе бидат изложени и креативни творби на учениците кои учествувале во едукациските проекти во музејот, a покрај едукаторите, свое обраќање ќе имаат и соработниците на различните проекти во изминативе пет години. Специјални музички гости ќе ансамблот Македонија.
Музејската едукација во Музејот на македонската борба почна со проектот Музејот – пријател на децата во 2012 година, а во последниве пет години опфати голем број ученици од училиштата во Скопје и во Македонија. Како дел од посветеноста на музејот за пристапност и социјална инклузија, во едукативните проекти, работилници и дружења се вклучени и учениците од посебните училишта во градот како „Иднина“, „Златан Сремец“, „Димитар Влахов“, невладини организации, здруженија и асоцијации на пензионери и сл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст