| четврток, 6 декември 2018 |

Му го вратил паричникот со 7750 евра, а сопственикот го почестил со…

Ни момент не се двоумев дали да го вратам паричникот , вели сопственикот на кафулето “Севдах” во Улцињ, Шаќир Бејтовиќ. Во локалот седеле само двајца гости. Откако го испиле кафето, ја платиле сметкaта и си заминале. Кога ја раскревал масата, Бејтовиќ го забележал паричникот паднат на столчето.

-Го отворив за да видам дали има документи и тогаш видов куп пари. Ги пребројав, имаше точно 7 750 евра, им раскажал на новинарите чесниот газда.

-Кога дојде сопственикот на паричникот, му ги вратив парите , а тој на шанк остави 20 евра да се почестиме, вели Бејтовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top