Во следните неколку месеци, Калифорнија и службено ќе го прогласи кафето за канцерогено, а на јавните површини и згради ќе има предупредување за тоа.
Калифорнија уште во далечната 1986 година воведе закон дека секоја година мора да се објав попис од новопронајдени хемикалии кои предизвикуваат рак, вродени дефекти или штетат на репродуктивното здравје. Во последните 30 години, тој попис се прошири на дури 900 хемикалии, вклучувајќи го и акриламидот.
Недостаток на докази
Нема доволни докази дека пиењето кафе предизвикува рак, објави агенцијата за рак на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ублажувајќи ги своите претходни предупредувања, но и додава дека секој „многу жежок“ пијалак е веројатно канцероген, наведено е во кусиот преглед на студијата објавен во списанието Lacet Oncology.
Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) при СЗО претходно предупредуваше на кафето како „можно канцерогено“, но го промени мислењето. Во средата нејзините експерти рекоа дека според последните истражувања „нема доволни докази за канцерогениот ефект“.
„Класификацијата не го покажува како сигурно безбедно, но има помалку причини за загриженост денес отколку претходно“, вели Дана Лумис, заменик шеф на IARC.
Кафето содржи околу сто различни хемиски супстанции, а истражувањето во овој момент е доволно за да се утврди дали овие забелешки може да му се припишат на кофеинот, додава Лумис.
Одредени студии покажале дека консумирањето кафе нема влијание при појавата на заболувања на панкреасот, или ракот на дојката и простатата. Сепак, за дваесетина други видови рак, доказите биле неубедливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст