| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна воен авион, спасувачите бараат преживеани (видео)

Кинески воен авион се урна во југозападната провинција Гуижоу за време на обука. На снимките од местото на настанот се гледаат запалените делови од леталото.

Засега нема информации за жртви, информираат кинеските медиуми. Авионот паднал во близина на градот Женгчанг, соопшти кинеската влада.

Несреќата ја потврди и кинеската армија.

Драматичната снимка го покажува авионот кој се обидува да слета и местото каде што се урнал. На теренот се присутни лекарски екипи и пожарникари бидејќи од остатоците на авионот се шири оган и густ чад.

Кинеските воздухопловни сили објавија дека спасувачките операции се во тек. Засега нема детали за типот на авионот, ниту за можните жртви на оваа несреќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top