| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја ги откажа заедничките културни перформанси со Јужна Кореја на престојните Зимски олимписки игри

Северна Кореја ги откажа заедничките културни перформанси со Јужна Кореја, обвинувајќи ги медиумите на Јужна за поттикнување на „навредливо“ јавно мислење кон Северна, соопшти Министерството за обединување на Јужна Кореја.

Сеул рече дека одлуката на Северна Кореја да ги откаже заедничките перформанси е „многу непосакувана“ и истакна дека Пјонгјанг треба да се придржува до сите договори склучени меѓу Северна и Јужна Кореја.

Северна Кореја соопшти дека немале друг избор освен да ги откажат перформансите што требаше да се одржат на севернокорејската територија на планината Кумганг, бидејќи јужнокорејските медиуми продолжија со навредите на она што Пјонгјанг ги нарече „искрените“ мерки во однос на Зимските олимписки игри чиј домаќин ќе биде Сеул следниот месец, објави Министерството, пренесе Индепендент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top