| четврток, 6 декември 2018 |

Реши да го прекине молкот – Меланија се огласи во врска со аферата на Трамп со порно актерката

Меланија Трамп одлучи да го прекине молкот и да стави точка на приказните за својот брак и наводното неверство на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, со порноактерката Сторми Даниелс.

Во последните недели на големо се пишува и раскажува за секс-врската меѓу Трамп и порноактерката Стефани Клофорд, позната како Сторми Даниелс.

Нејзината портпаролка Стефани Гришам во петокот го искритикува изнесувањето на валканиците и лажното известување на медиумите за Доналд Трамп.

Во својот твит Гришам додала дека Меланија е фокусирана на семејството и на својата улога на прва дама, а не на нереалните сценарија и секојдневното пласирање лажни вести.

Ова следуваше кога американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, ја негира врската на порноактерката со Трамп, пренесува theguardian.com.

„Дејли мејл“ објави во петокот дека Меланија минувала многубројни ноќи во еден хотел откако во јавноста излегла веста за аферата на Трамп со Сторми Даниелс.
Таа исто така одбила со својот сопруг да отпатува во Давос на Светскиот економски форум. Во четвртокот го посетила Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон пред Меѓународниот ден на сеќавања на холокаустот.

Приказната за Сторми Даниелс почна кога американските медиуми објавија дека адвокатот на Трамп ѝ платил 130.000 долари минатата година во пресрет на претседателските избори да молчи за наводната афера.

Тие се запознале во 2006 година на еден голф-турнир, а потоа вечерале и минале една ноќ заедно. Сето ова се случувало само неколку месеци откако Меланија се породила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top