| четврток, 6 декември 2018 |

Разбојници со фантомки ограбиле бензиска во Скопје

Двајца маскирани разбојници ограбиле бензинска пумпа, минатата ноќ околу 4 часот после полноќ. Вработениот на пумпата на улица Александар Урдаревски го пријавил случајот во полиција. Тие со закана му одземале околу 100 евра и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top