
Владата за сега нема план Б што со интегративни процеси на земјата доколку не се реши прашањето за името оваа година вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Она што и останува на земјата е да го искористи моментот (иако не по секоја цена) и да го затвори ова прашање но и да се надева дека ЕК ќе даде нови рокови за интеграција на земјите од Западен Балкан во унијата. Иако од 2007 година навака ЕУ не ги менувала зададените рокови а и постојат земји членки кои се против тоа сепак не се исклучува можноста да биде превземен таков чекор, вели Османи.
„Јас сум оптимист и не гледам друга алтернатива вп делот на довување на покани за во НАТО и за започнување на преговорите. Оваа година е многу повилна за решавбљање на спорот и да може тоа да се материјализираво членство во НАТО и ЕУ. Наредните години се непредвлидливи и во државите кои треба да го решат спорто и во самата Унија.“ – изјави Бујар Османи Вицепремиер за европски прашања.
Османи исто така го оценува позитивно и отпочнувањето на преговорите на партиите околу спорот со името иако како што вели рано е да се говори за конкретни ставови. Сепак од позиција на портпарол на ДУИ потврди дека партијата останува на ставот дека името треба да се решава по примерот на договорот за добрососедство со Бугарија без референдум, но вели од позиција пак на вицепремиер може да каже само дека владината коалиција и натаму е поделена по однос на ова прашање. Односно дека СДСМ сака референдум, а ДУИ е против тоа.
„Во владата има два различни става, СДСМ е на став дека треба да има референдум, а ДУИ дека не треаб и затоа се оди на процес на консултации меѓу политичките партии за да најдеме заеднички став.“ – изјави Османи.
И лидерот на ДУИ, Али Ахмети пак во интервју за Катимерини веќе го изнесе познатиот став на партијата дека се против референдум за името и дека ова прашање треба да се решава по примерот на договорот за добрососедство кој го потпишаа Скопје и Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


