| четврток, 6 декември 2018 |

Дете киднапирано среде бел ден на улица во Чикаго (видео)

На социјалните мрежи неодамна се појави видео од киднапирање на дете среде улица во предградие на Чикаго, откако истото претходно во јавноста беше пуштено од страна на ФБИ. Според информациите, киднапирањето се случило на 21 декември минатата година, околу 15 часот и 30 минути.

На видеото се гледа како човек стои покрај црвен автомобил, додека девојчето чии идентитет и возраст не се откриени минува по улицата. Во тој момент човекот го зграбува детето и го внесува во автомобилот.

Обвинителството тврди дека потоа тој ја одвел неколку улици понатаму, каде што и ја нападнал. Сепак, таа успеала да побегне и да сопре друго возило, по што возачот на автомобилот веднаш повикал полиција.

Наводно, напаѓачот бил идентификуван како Брајан Прот (38) и бил уапсен една недела подоцна. Тој е обвинет за киднапирање, а првото рочиште е закажано за 20 февруари. На напаѓачот му се заканува доживотна казна затвор.

ФБИ вели дека видеото е објавено за да се добијат информации дали неговиот автомобил бил поврзан со уште неколку злосторства.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top