| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Подготвен сум да му помогнам на Ибра ако сака да си замине!

Златан Ибрахимовиќ ненадејно ја посети Македонија и експресно стана хит во нашата спортска јавност, а паралелно откако дознавме дека тој предвреме ја напуштил својата хотелска соба во Штип, пристинаа сензационални информации од Англија дека тој веќе го планира своето заминување од „Олд Трафорд“.

Со пристигнувањето на Алексис Санечез, станува јасно дека Ибра ќе има се помалку шанси за игра и во онака ретките прилики кои ги доби поради новиот проблем со коленото, па големи се шансите Златан да си замине од Јунајтед уште пред завршувањето на договорот кој истекува во јуни.

Како крајно сериозна следна дестинација на Златан англиските таблоиди ја споменуваат американската МЛС лига, а откако оваа вест доби навистина многу на значење во Англија, се огласи и Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак појасни дека не добил никакво барање од Ибра да биде ослободен, но доколку навистина го сака тоа, тој е подготвен да му помогне и да го олесни неговото заминување од тимот.

– Златан е во последната година од неговиот договор. Ако, велам ако бидејќи јас ја слушнав оваа вест од вас, ако ова што го велите е вистина и Златан ја гледа својата иднина во друго клуб, во друга земја, тогаш јас сум тука да му помогнам и да му овозможам услови да се случи тоа. Не планирам да му ги комплицирам работите. Но ова ќе се случи само ако тој ми го каже тоа, досега тој ми нема пристапено со таков разговор и првпат слушам за ова од вас, – им порача Мурињо на новинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top