
Гостин во емисијата „Алфаскоп“на Алфа Телевизија беше Иван Јорданов, член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Јорданов истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на еден легитимен и демократски начин поднесе амандмани во Собранието кои на еден недемократски начин беа фрлени во контејнер.
Поднесувањето на 35 илјади амандмани е начин, стратегија на еден легитимен демократски начин на делување на нашата пратеничка група воедно во вакви недемократски услови. Она што се случи во текот на вчерашниот ден и при самото поднесување на амандманите од нашата пратеничка група , фрлањето на амандманите во контејнер е на еден симболичен начин фрлање на демократијата во Република Македонија потенцираше Јорданов.
Јорданов истакна дека поднесувањето на амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ значи аргументирање на она што го посочуваат во јавноста а тоа е дека овој закон кој што треба да се донесе е неуставен и неможе на ваков начин да биде донесен.
Нашата цел со овие амандмани е да направиме корекција на моментално предложениот закон за употреба на јазиците . На овој начин да не дозволиме продлабочување и на така кревката средина во којашто живееме. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ има голема одгвоорност во целиот процес и дека на овој начин, со враќањето во Собранието ќе успееме да го преточиме тоа јавноста. Да ја повикаме експертската јавност исто така да се вклучи рече Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


