| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Не сум поканет на кралската свадба

Американскиот претседател Доналд Трамп го направи првото интернационално интервју со британскиот новинар Морган Пирс каде вообичаено доминираа прашања за односите меѓу САД и Велика Британија. Исто така Трамп беше запрашан дали е поканет на кралската свадба на принцот Хари и актерката Меган Маркл која за него во 2016 година упати критики дека ја поделил нацијата.

„Не сум поканет на кралската свадба, барем не знам за такво нешто досега“, одговори Трамп и додаде дека без оглед на се им посакува многу среќа на принцот Хари и Меган кои според него се прекрасен пар.

Претходно имаше извештај дека доколку принцот одлучи да не го покани Трамп, а планира да го покани Обама тоа ќе предизвика голем дипломатски скандал и може да ги наруши односите меѓу САД и Велика Британија кои со децении тврдат дека се најблиски сојузници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top