| четврток, 6 декември 2018 |

Волшебна напивка ги топи килограмите додека спиете или седите

Без премногу напорни тренинзи, ослободете се од вишокот килограми со помош на лековитите својства на циметот и медот.
Сок кој согорува стотина калории додека вие седите и читате? Возможно е ако ги земете предвид лековитите својства на циметот и медот.

Нивната комбинација ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми.

За подготовка ви е потребно:

2 лажици мед
1 лажица цимет
250 мл вода

Препорачаното количество може и да се менува, но важно е секогаш да користите две мери мед и една цимет. Подгответе го количеството од напивката за кое сметате дека ви е потребно.

За почеток, превријте ја водата која ќе ја сипете врз циметот и потоа почекајте да се излади. Медот го додавате откако напивката е изладена и имајте на ум дека медот никогаш не се става во врела напивка, во случајов вода.

Половина од напивката се пие пред спиење, а остатокот наутро пред оброк. И тоа е сè!

Имајте предвид дека напивката дејствува само на празен желудник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top