| четврток, 6 декември 2018 |

Стигна казна: Советникот Бранимир Јовановиќ “замрзнат“ во Левица

Президиумот на политичката партија Левица, во петокот на седница донела одлука за изрекување мерка замрзнување на членството на Бранимир Јовановиќ, како што нагласува, во јавноста познат како актуелен советник на министерот за финансии, Драган Тевдовски и апологет на штетните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Јовановиќ минатата година поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица, каде беше координатор на програмскиот сектор Економија и член на Централниот комитет на партијата, а ја прифати понудената функција советник во Кабинетот на министерот за финансии.

– По ова, ЦК на Левица едногласно ја прифати неговата оставка и пасивизацијата на неговото членство и реши да не го сакционира на никаков начин, туку само да ја следи неговата работа во новата Влада. Но, по последниот развој на настаните – поврзани со носењето на серија крајно штетни економски одлуки кои не беа предвидени ниту во предизборната програма на владејачката коалиција – Президиумот, согласно интерниот Правилник за дисциплинска одговорност на членовите, одлучи привремено да го замрзне членството на Бранимир Јовановиќ во Левица, поради јавно застапување политики и ставови кои се суштински спротивни на нашата идеологија и на најважните основачки акти на партијата: Статутот, Платформата и Политичка програма на Левица, соопшти Левица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top