| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Мирковиќ за прв пат ќе предава во Скопје

Дарко Мирковиќ, најдобриот мотивациски говорник за менаџмент на Балканот за прв пат доаѓа во Скопје. Тој има фасцинантна биографија, а на јавноста и е познат како мотивациски говорник претприемач, консултант и тренер кој секојдневно ги поттикнува луѓето да направат натпросечни резултати во своите области. Неговото мото секогаш е: „Верувај и направи!“ Вештините и способностите на Дарко Митровиќ ги препозна Брајан Трејси, еден од најголемите лидери од областа за развој на човечките потенцијали. -Eкспертизата што ја поседува Дарко ќе ви помогне да ги остварите посакуваните резултати: зголемена продажба, поголема продуктивност во работата, проголем профит на Вашата компанија и поголеми резултати за Вас и Вашите вработени, за него вели Брајан Трејси.

Дарко Мирковиќ е основач и директор на компанијата „Алтерна“ од Белград, која е носител на регионалната Мастер лиценца за програмите за развој на работните вештини, во Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Има одржано мноштво предавања, тренинзи, конференции и семинари на теми врзани со лидерството и начините на зголемување на продажбата и сатисфакцијата од сработеното на Балканот и пошироко. Неговото интернационалното искуство во полињата за развој, тренинг, обука и продажен менаџмент, го направи и првиот лиценциран тренер за “Structogram –Training System” во Србија.

Настанот ќе се одржи во хотел Арка, на 12 февруари, во 18.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top