Три дена по одбележувањето на триесет и седмиот роденден на легендарниот Тоше Проески,
поранешниот модел Благица Мицова, денес Ристовска, која целиот Балкан ја знае како девојката со која
музичката ѕвезда беше во долгогодишна љубовна врска, роди девојче.
Малата Софија се родила во клиничката болница Аџибадем Сиситина, и двете со мајката се чувствувале
добро.
Покрај Софија, таа го има и синот Александар, кој се роди во 2014 година. Во брак е со бизнисменот
Виктор, роден брат на поранешниот министер за образование и наука, Спиро Ристовски и живеат во
Скопје.
Врската со Тоше ја започнале во своите тинејџерски години, во далечната 1998 година, и со мали прекини биле заедно се до 2006 година. Неготинчанката, која е позната како голем хуманитарец, никогаш јавно не изнесе детали од нивната љубов, и покрај големиот интерес на медиумите од регионот за нејзиниот живот.
По неговата смрт во 2007 година, изјави дека никогаш нема да зборува за него и како спомените се нешто интимно кое ќе го чува за себе. Достоинствено се повлече од јавноста и ги остави нераскажаните
приказни, и покрај сите понуди за интервјуа од страна на познати медиуми од поранешните
Југословенски републики.
Сепак, и по сите изминати години, таа останува кај народот запаметена како девојката која беше голема
љубов на најпопуларниот пејач во земјава и интересот за неа не стивнува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагично не напушти пред 11 години: Вечерта пред загинувањето, изјави нешто што ќе ве наежи!
-
На 13 октомври ќе ги слушнеме новите песни од Тоше
-
Никогаш потажна сцена: Тони Цетински пееше за Тоше, солзи и ѕвездено небо го исполнија Сава центарот
-
Најмило мое – сестрата на Тоше ги расплака сите на денот кога би наполнил 37 години!