| четврток, 6 декември 2018 |

Аерозагадувањето во Скопје неколку дена над дозволеното

Жителите на Скопје неколку дена последователно дишат загаден воздух. Концентрациите на ПМ10 честичките според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, во саботата достигнале максимални 426 во Лисиче, вчера 596, исто така во Лисиче и во текот на ноќта до утрово највисоката концетрација е измерена од 527 во Лисиче.

И на другите мерни станици се измерени високи концентрации така што во Центар во саботата се измерени максимални 207 микрограми, Гази Баба 242, Карпош 307, Лисиче 426 и Ректорат 402 микрограми.

Во текот на вчерашниот ден, максималните се во Центар 230 микрограми, 361 во Гази Баба, 295 во Карпош, 596 во Лисиче и 532 кај Ректорат.

Од ноќеска во Карпош максималната концентрација достигнала 213, Гази Баба 326, Центар 348, кај Ректорат 376 и во Лисиче 527 микрограми.

Во случај кога среднодневните концентрации се над 100 микрограми се препорачува да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, како и правилно да се користат печките за дрва.

На децата, старите лица, хронично болните од белодробни и срцеви заболувања, но и за лицата кои работат на отворен простор во загадените зони на градот им се препорачува ограничено движење и активности на отв орен простор.

Итните мерки што Владата ги усвои пред повеќе од еден месец стапуваат во сила во случај кога во два последователни денови на две мерни станици ќе се измерат концентрации од над 200 микрограми.

Меѓу тие мерки се препорака да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфракт или мозочен удар без разлика на возраста. Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош, домашната помош и патронажната служба.

Општините се задолжуваат да ја намалат цената на билетот на градскиот превоз во периодот на неповолни климатски услови што би било поттик на граѓаните за користење на јавниот превоз, да овозможат бесплатен јавен превоз, зголемена фреквенција на автобусите на ЈСП, дневно да ги чистат улиците и пешачките површини, да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла, автошколите да ги реализираат обуките во период од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, како и дотур на стока во забранети зони да се врши до 7:30 часот.

На градежните компании им се наложува да користат вода за намалување на прашината, односно прскање, миење на гумите на камионите пред градилиштата, а градежните машини да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

Државниот инспекторат за животна средина да изврши ограничување на емисиите од Б-интегрираните дозволи и помалите стопански капацитети и да вршат зачестена контрола на инсталации кои поседуваат А-интегрирана дозвола. Потоа да спроведе мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуват пропишаните услови во дозволата по однос на емисиите во воздухот, а истите ќе добијат препорака да го намалат производоството на 50 проценти.

Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, односно да ја користат обиколницата.

Органите на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатија и АД во државна сопстрвеност, како и општините да ја ограничат до 50 проценти употребата на службените возила и да обезбедат ограничување на работите на објектите каде што се гради

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top