| четврток, 6 декември 2018 |

Заев на суд за „Поткуп“

Во Основниот суд Скопје 1 за денес е закажано ново рочиште за случајот „Поткуп” во кој на премиерот Зоран Заев му се суди за договарање на поткуп. До сега поради низа процесни приговори предметот постојано се одложува, а одбраната бараше да се издвојат снимките како доказ во постапката.
Апелацискиот суд Скопје во декември лани одлучи барањето за издвојување на видеоматеријалите обезбедени со ПИ-мерките да го врати на повторно постапување. Во предметот за случајот „Поткуп” до сега постапуваше судијката Дијана Груевска-Илиевска. А сега со новиот распоред на судијата Иван Џолев таа е преместена во Кривичниот оддел за полнолетни. Сега предметот ќе го суди судијата Дарко Тодоровски.

Заев во случајот „Поткуп” е обвинет за барање и за земање на поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top