Рускиот натпреварувач во нордиско скијање Андреј Шамшурин почина за време на маратонот од програмата на Светското првенство за ветерани во Минесота.
Според очевидци, 54-годишниот Шамшурин речиси стигна до целта кога се струполил на снегот. Засега не се познати причините за смртта, а телото допрва треба да биде пренесено во Русија.
Во ова натпреварување учествуваат спортисти на возраст над 30 години. Шамшурин учествувал на трката на 40 километри.
извор:спортклуб.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.