Кампањата „Црна точка“ (Black dot campaign) почнала на една страница на Фејсбук, а за само еден ден и се приклучиле 6.000 луѓе. Денес бројот на луѓе вклучени во кампањата ширум светот изнесува околу 5 милиони.
По тетоважата „Точка запирка“ која пред неколку месеци беше многу популарна на интернет и покажува дека луѓето преживеале голема мака, се појави оваа нова симболика која има многу итен призвук. Црната точка нацртана на дланка е повик за помош.
Таа служи луѓето кое преживуваат насилство во семејството да и покажат на околината дека се во опасност, па дури и кога злоставувачот се наоѓа во непосредна близина.
Организаторите на кампњата велат дека идејата потекнала од личност која и сама преживеала насилство во семејството.
Тие тврдат дека за само еден ден шест жени на овој начин испратиле порака да им се помогне. Веќе се појавуваат и тетоважи на телото кои покажуваат дека некој преживеал ваков вид на злоставување и се изборил со тоа.
Ако видите дека некој нацртал точка на дланката најдобро е дискретно да повикате помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.