| четврток, 6 декември 2018 |

Здравко Савески до пратениците: Не сте избрани за да се збогатите, укинете ги патните трошоци во целост!

Во пресрет на гласањето на пратениците за намалување на патните трошоци, Здравко Савески од Левица на својот фејсбук профил ги предупредува да имаат на ум дека не се избрани за да се збогатат, потсетувајќи ги дека останатите граѓани самите ги плаќаат своите патни трошоци.

„1) Не сте избрани на тие места за да се збогатувате, туку да работите во интерес на граѓаните!

2) Ако огромниот дел од граѓаните од својата плата ги плаќаат трошоците за да стигнат до работното место, СО КОЕ ЛИЦЕ вие барате да имате такви надоместоци надвор од вашите плати? Вие со плати над 80.000 денари добивате по неколку илјади евра по основ на патни трошоци, а оние што земаат минимална плата од таа плата трошат за да стигнат на работа!

3) Во овој контекст, мачкање на очи се сите предлози за намалување на патните трошоци! Она што се очекува од ваша страна е ЦЕЛОСНО УКИНУВАЊЕ НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ!

4) Само ако ги вратите назад хранарината и превозот за работниците, можете и вие да земате надоместоци за превоз! Секакво друго решение значи дека себеси се привилегирате во однос на останатите смртници во оваа земја!, напиша на фејсбук Савески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top