| четврток, 6 декември 2018 |

Се евакуираат жители на Париз: Сена денеска го достигна највисокото ниво

Околу 1.500 луѓе беа евакуирани од своите домови во Париз, откако властите соопштија дека има голем ризик од поплава поради високото ниво на реката Сена, пренесе Ројтерс.

Шефот на париската полиција прокоментира за новинарите дека околу 1.500 лица се евакуирани и се сместени во регионот Ил де Франс, кој ја вклучува француската престолнина и неговите предградија.
„Водата полека ќе се повлече“, рече шефот на полицијата.
Водите на Сена се очекува да го достигнат врвното ниво денеска или рано во понеделник – блиску до нивоата кои доведоа до слични поплави во 2016 година, наведуваат властите.
Поплавите во 1910 година предизвикаа големи штети во Париз. Тогаш нивото на Сена се зголеми за 8,65 метри. За среќа, не се регистрирани смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top