| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните интереси

ВМРО-ДПМНЕ е силен поддржувач и останува на позицијата дека Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните интереси на Република Македонија – изјави вечерва Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПОМНЕ по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се говореше за спорот со името.

Според него, ваква средба требало да се случи порано. Тој не откри повеќе детали од состанокот на кој учествуваа премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот Ѓорге Иванов, за да не го наруши процесот.

– Министерот Димитров и премиерот Заев нè информираа за текот на преговорите и беше презентиран предлогот од Нимиц, којшто повеќе или помалку ѝ е познат на јавноста. Од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите за спорот со соседна Република Грција е на Владата – изјави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top