| четврток, 6 декември 2018 |

Почина основачот на ИКЕА

Основачoт на култната шведска компанија за мебел ИКЕА, Ингвар Кампрад почина во неговиот дом во Смаланд на 91 годишна возраст.

„Кампрад беше еден од најголемите претприемачи на 20-иот век“, пишува во соопштението на ИКЕА, објавено по смртта на Кампрад.

Кампрад почнал да продава кибритчиња на петгодишна возраст. Во 1943 година решил да отвори фабрика за мебел наречена ИКЕА, чие име е комбинација на неговите иницијали и фармата и селото каде што израснал. Кампрад беше активен во работата на светскиот гигант кој го изгради до 2013 година, кога еден од неговите четири синови, Матиас Кампрад, го презема раководството со компанијата.

Една дамка на неговиот живот е учеството во про-нацистичко движење во Шведска за време на Втората светска војна, кога имал 16 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top