| четврток, 6 декември 2018 |

Турски бизнисмен платил 3,4 милиони фунти за супер-автомобил, а не смее да го вози

Турскиот бизнисмен Туфан Калман тужи лондонската компанија за продажба на „суперавтомобили“ откако му продале Пагани Зонда 760 Купа за 3,4 милиони фунти без дозвола да го вози во Швајцарија, каде што живее.

Пагани Зонда е уникатно возило, производ на италијанската компанија Пагани, изработено од јаглеродни влакна, со 750 коњски сили. Возилото се смета за еден од најмоќните автомобили за кои е можно да се добие дозвола за возење во редовен сообраќај.

Но, претставништвото на Пагани во Лондон не го информирало Калман дека дозволата за неговиот „ѕвер“, која важи во Британија, не важи во Швајцарија. Калман бара од компанија да му ги врати парите, или да му обезбеди дозвола за регистрирање на автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top