| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанец загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Шеесет и едногодишен прилепчанец загина во сообраќајна несреќа што се случила завчера попладне на патот Битола – Прилеп.Според информациите на МВР, во несреќата учествувале возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(61) од Прилеп и товарно возило „Форд транзит конект“ со штипски регистарски ознаки управувано од П.П.(27) од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Б. кој бил пренесен во Општа Болница Прилеп, каде во 21:30 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top