Сопственикот на онлајн сајтот за трговија, „Алибаба“, милијардерот Џек Ма тврди дека новата технологија ќе започне да создава голем хаос, па голем број луѓе ќе ја изгубат работата поради напредокот на роботиката.
Во интервју на светскиот економски форум во Давос, извршниот директор на „Алибаба“ зборуваше детално за некои од најголемите предизвици со кои се соочува светот.
„Вештачката интелигенција е закана за луѓето. Јас мислам дека таа би требало да им помага на луѓето. Технологијата треба да е нешто што ќе го подобри животот на луѓето, а не да го направи потежок. Компјутерите секогаш ќе бидат попаметни од вас, не заборавајте и немој да се лутите. Но компјутерите никогаш нема да можат да бидат мудри. Вештачката интелигенција и роботите ќе уништат голем број работни места“, вели Ма.
Ма зборуваше и за односот на жените и компаниите, па кажа дека ако некој сака успешна фирма, тогаш жените најдобри ги водат.
„Компаниите се поуспешни доколку истите се раководени од жени“, додава извршниот директор на „Алибаба“.
Тој кажува дека во својата младост немал доволно образовна поддршка, па учел од неуспесите.
„Учете од сопствените грешки, без оглед на тоа колку сте паметни, учете од нив. Мора да ги делиме своите грешки со другите. Тоа е мое размислување, ако сакате да бидете успешни, тогаш мора да учите од нивните грешки, а не од приказната за нивниот успех“, објаснува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


